Ви нудиме соработка во областа на хидраулика, пневматика и автоматика.
Производната програма опфаќа изработка, репарација (сервисирање) и трговија на:
Хидраулични и пневматски цилиндри
едносмерни
двосмерни
телескопски
плунжери до Ø 400 и L = 4000 мм
хидраулични дигалки со носивост од 2 до 500 тони
хидраулични агрегати и пумпи
хидраулични и пневматски вентили и распоредници
хидраулични преси од 10 до 200 тони
хидраулична и пневматска инсталација
сите видови машинска обработка
Квалитетот на производите на ХИПА-ПИ го обезбедува инженерскиот кадар со работно искуство од 20 до 30 години во областа на хидраулика, пневматика и автоматика.
Сите производи се испитуваат на сопствен хидрауличен пробен стол изработен по ISO VG 150 (Стандард за тест машини) и за истите издаваме атест и гаранција.